Демократската претседателска кандидатка Камала Харис го избра гувернерот на сојузната држава Минесота, Тим Волц за нејзин кандидат за овогодинешните претседателски избори, објави во вторникот CNN, повикувајќи се на четири извори запознаени со изборот.
Со тоа Харис избра заговорбник на таканаречената „прогресивна политика“ и „едносгавен човек“ од централниот дел на САД што треба да ѝ помогне да ги придобие руралните, бели гласачи, велат луѓе запознаени со ова прашање.
Волц, 60-годишен ветеран од Националната гарда на американската армија и поранешен учител, беше избран во републикански округ во Претставничкиот дом на САД во 2006 година и служеше 12 години пред да биде избран за гувернер на Минесота во 2018 година.
Како гувернер, Волц ја турка „прогресивната“ агенда која вклучува бесплатни оброци во училиштата, борба против климатските промени, даночни намалувања за средната класа и проширено платено отсуство за работниците од Минесота.
Волц долго се залагаше за репродуктивните права на жените, но тој исто така покажуваше конзервативни особини додека го претставуваше руралниот округ во Претставничкиот дом на САД, бранејќи ги интересите на земјоделците и поддржувајќи ги правата за оружје.
Кампањата на Камала Харис се надева дека кариерата на Волц во Националната гарда, заедно со успешната работа на средношколскиот фудбалски тренер, ќе ги привлече гласачите кои сѐ уште не се определиле да го поддржат вториот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа.
Волц беше релативно непознат на национално ниво додека не почнаа да се вжештуваат разговорите за кандидатите за потпретседател.