Каматата за новото задолжување не е еден процент како што се пласира во јавноста, предупреди Славески

Овој аранжман за кој сега се разговара со ММФ е еден тактички потег на министерството за финансии, односно Владата за да се отвори патот за поповолно, евентуално задолжување во иднина. И овој ранжман не е камата од еден процент како што се преставуваше во јавноста, туку зависи од висината. Ако ние би отишле на повисок износ, станува забор колкаво учество имаме во капиталот на Меѓународен Монетарен Фонд. Тој е релативно мал и изнесува некаде околку 140 милиони специјални права на влечење, тоа е паричната единица и ако некој сака да го претвори во евра нека го помножи со 1,27. Но секако, аранжманот е неопходен, истакна во „Клик Плус“ на телевизија Тв21, професорот и член на Извршниот комитете на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески запрашан дали е поволен и потребен новиот долг од околу 900 милиони евра од ММФ.

Тој додаде дека добро е што Меѓународниот Монетарен Фонд ќе врши контрола и надзор на трошењето на финансиските средства и нејзината реализација.

„Добро е што ќе има надзор на трошењето на средставата и реализацијата на овој аранжман, ако одиме на две годишен, тоа значи дека четири пати на секои шест месеци мисијата на ММФ ќе врши проверка на спроведувањето на аранжманот, што е добро“, рече Славески.

Тој потсети и за периодот од светската економска и финансиска криза од 2008-2009 година, кога тој воедно беше и министер за финансии и како тогаш економскиот тим на Македонија со многу понеповолни услови од сега успеа да се справи со нејзините последици.

„Кога раководев со минстерството за финсии, во 2009 имавме две силни кризи и остар ценовен шок и не смееме да заборавиме дека цената на суровата нафта на светските берзи достигна 142 долари за барел. Сега не е ни од далеку исто како тогаш, се движи некаде 110 долари. Тоа се одрази и многу брзо предизвика рецесија светка, а претходно имаше една ситуација затоа што таа криза почна како финансиска криза и буквално финансиските пазари замрзнаа. Големите, системски банки ја изгибија довербата меџусебно, не знаеја која институција на какви се ризици е изложена, додека сега состојбите со финансиите пазари, од аспект на обезбедување на ликвидност надбор е многу поповолно од тогаш. Во период од шест месеци не функционираа финансиските пазари и дури и да бевте развиена и стабилна земја како Словенија, на пример, не можеше да се обезбедат средства“, рече Славески.