12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Камчев не е меѓу приведените, медиуми

„Шпекулација се информациите кои ги шират дел од медиумите дека Камчев е приведен“. велат за Фактор од Орка Холдинг.

Од Министерството за внатрешни работи за Фактор, пак, не сакале да дадат каква и да е информација во врска со последната истрага под кодно име „Империја“ упатувајќи го медиумот за информации да се обратат  до Специјалното јавно обвинителство (СЈО) .

Имено, СЈО денеска соопшти дека е отворена нова истрага во која повеќе лица се осомничени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.