Камчев денеска сведочел за „Рекет“ во ОЈО

Бизнисменот Орце Камчев утринава бил во Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција каде што дал исказ како сведок за случајот „Рекет“, пред обвинителката Вилма Русковска, пренесува порталот Фокус.

Од Обвинителството ја потврдуваат информацијата дека Камчев давал исказ во својство на сведок. Во обвинителството веќе имаат негов исказ и тоа дадан на 2 мај кога го пријавил случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.