Камчев до СДСМ: Ваши функционери во опозиција се шетаа со гас маски, а сега Македонија е најзагадена земја во светот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев од собраниската говорница ја прозва Владата на СДСМ за проблемот со енормното загадување. Тој потенцираше дека функционерите на СДСМ во опозиција протестирале со гас маски по улиците, за сега со смешно оправдување го маргинализираат проблемот со аерозагадувањето во Македонија.

Сите тие што ја слушаат нашата дебата им е јасно дека тоа не е така. Сега според вас загадувањето е глобален проблем, а тоа што сите ваши функционери излегуваа со гас маски, дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ништо не правела за загадувањето, а денес имаме енормно загадување, најголемо измерено во целиот свет во Република Македонија и сето тоа е во контекст на глобалнот загадување. Сега е во ред, тогаш не чинеше, вели Камчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.