Камчев нема да бара пари од Кичеец

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара Зоран Милевски-Кичеец да му врати дел од неговите милион ипол евра од случајот „Рекет“, за оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд.

Но, тужбата останува. Камчев сѐ уште бара обештетување поради коруптивно однесување од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од Владата, Републичкото јавно обвинителство и распаднатото Специјално јавно обвинителство. Причините за тужба против двете обвинителства, од кои едното веќе не постои, ќе бидат познати на 14-ти февруари, кога се очекува почетокот на судењето.

На денешната јавна расправа Камчев не беше лично присутен. Шефицата на поранешното СЈО, Катица Јанева, побарала спровод од затворот Идризово за да присуствува на расправите, а нејзното семејство се согласило да ги покрие трошоците.

За случајот „Рекет“, Јовановски е осуден на девет години затвор, Катица Јанева на седум, а Кичеец на три години.