Камчев останува во притвор, одбиена му е гаранцијата од 1,7 милиони евра

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор откако Кривичниот суд му ја одби и последната понудена гаранција од 1,7 милиони евра.

Против ова решение на Кривичниот совет, Камчев има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд Скопје.

Бизнисменот кој е петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“, по вторпат поднесе гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор, но на тоа јавната обвинителка Лиле Стефанова веднаш дала негативно мислење.

– Сметам дека гаранцијата треба да биде прифатена, бидејќи сумата ја надминува целата финансиска штета од 1,3 милиони евра за која Обвинителството го гони мојот клиент – рече адвокатот Еленко Миланов пред неколку дена, кога ја соопшти последната понудена гаранција од Камчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.