Камен темелник за новата камбанерија на црквата „Свети Илија“ во Горно Нерези

Општина Карпош доби уште еден сакрален објект. Црквата „Свети Илија“ во Горно Нерези која е во завршна фаза на изградба наскоро ќе добие и камбанерија за која денес беше поставен камен темелник. Официјалното осветување на камбанеријата го направи поглаварот на Македонската православна црква, Господин Господин Стефан во придружба на неговите црковни службеници.

На камен темелникот во црквата „Свети Илија“ присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски како и жители на Горно и Долно Нерези