Каменос: Затвор ако не гласаш, два милиони евра ако гласаш, се срамам!

Коалициониот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос вечерва на „Твитер“ објави дека се срами што за оној што нема да гласа постои закана од затвор, а за оној што ќе се  покори – два милиони евра како награда.

Кој ќе помислеше дека во Европа со вредности и демократија, оној кој нема да гласа по наредба ќе биде затворен, а кој се покорува на наредбите, добива бонус од 2 милиони евра црни пари. Јас сум засрамен, напиша Каменос на својот Твитер профил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.