Каменуван воз кај Куманово

На 14.03.2022 било пријавено дека во 21.25 часот на делот од пругата помеѓу железничка станица Карпош и железничка станица Куманово, кај патниот премин кој води до с.Лопате, кумановско, неколку лица го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје.

Притоа, биле направени оштетувања на возот, додека повредени патници и персонал нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.