Каменуван возот за Кичево, скршено стаклото на локомотивата

Вчера на излез од железничка станица Тетово, непознато лице извршило каменување на патничкиот воз бр.662, кој сообраќа на релација Скопје-Кичево, при што било искршено стакло од локомотивата, со што е причинета само материјална штета, додека  повредени лица нема.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.