Каменувано седиштето на Златна Зора во Атина

Група од 50 напаѓачи со камења и други предмети изврши напад врз седиштето на грчката десничарска радикална партија „Златна зора“ во Атина.

Зад нападот стои група што се претставува како „противници на власта“. Во нападот е предизвикана голема материјална штета на седиштето на „Златна зора“ и на бројни возила паркирани во близина.

Според првичните информации во нападот нема повредени.

По нападот групата успеала да избега, но во полициска операција уапсени се околу 30 напаѓачи.