Камерон Дијаз: Горда сум бидејќи Гвинет одлучи да се разведе!

Холивудската актерка Камерон Дијаз ја поддржа својата колешка и пријателка Гвинет Палтроу во намерата да се разведе од Крис Мартин.

Актерките со години се многу блиски пријателки, а Камерон не заборавила во овие тешки моменти да и пружи полна поддршка на Гвинет.

„Тоа што Гвинет го напиша на својот блог е преубаво. Сметам дека тоа беше исклучиво храбро од неа, посебно што тоа го објавија на крајно необичен начин. Преубаво. Премногу сум горда на неа“, истакнала Камерон за новинарите.

Гвинет и Крис важеле за еден од најстабилните бракови во холивудскиот шоу бизнис, но по 10 години решиле да му стават крај на заедничкиот живот.