Камиловски: Паралелниот увоз претставува увоз на лек за кој постои одобрение за ставање на промет

Паралелниот увоз на лекови претставува увоз на лек за кој постои одобрение за ставање на промет на територијата на Република Македонија, вели Виктор Камиловски во интервју за „Алфаскоп“, а воедно тој лек може да биде веќе регистриран на територијата на Република Македонија.

Со ваквиот увоз се потикнува здравата конкуренција, но имаме достапност на пациентите до скапи лекови кои не можат да си ги купат приватно.

 Кај лековите од паралелен увоз се работи за исти лек, се работи за иста активна супстанца, се работи дури и за исто пакување. Не се работи за тоа дека овој е поевтин па не е квалитетен. Постои регистар на лекови, виртуелен магацин и агрегатор за одредување на најмалите цените. Точно се знае дека тој лек е од паралелен увоз. Разликата е само во увозот од некоја трета земја, вели Камиловски.

Камиловски вели дека ова пракса не ја измислил некој туку дека е земена од европската легислатива за паралелниот увоз. Тој вели дека има акредитирани лабаратории кои се за одредување на фалсификати како и лабаратории кои се задолжени за да испитаат дали одреден лек има несакани дејства. Според него кога ќе се соберат сите фактори многу е мала шансата да се внесе фалсификуван лек во Република Македонија и затоа тој ги охрабрува граѓаните да истиот лек што го има по повисока цена да го земат со помала цена, а кој ги има истите терапевски својства како поскапиот лек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.