Камионџиите со вклучени сирени протестираа во Скопје поради зголемената акциза на горивата

33

Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс протестираа за укинување Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Својот протест камионџиите го искажаа така што со вклучени сирени со своите товарни возила поминаа низ центарот на Скопје, за да се спаси овој бизнис.

Протесот е во согласност со препораките за заштита од коронавирусот. Возачите на камионите се излоирани во своите возила, не застануваат по патот и се движат по определната маршута почнувајќи од Хиподром,преку Скопски саем до Владата. По патот нема застанување и собирање на луѓе, а превозниците се движат по една лента за да не предизвикаат застој во сообраќајот.

Од Макам-транс истакнуваат дека на протесот се излезени околу 150 камионџии од целата државаи нагласуваат дека гласот го креваат поради поскапата акциза која е погубна за фирмите кои и претходно биле на дополнителен удар. Зрдаи ова предлгаат проглесивно оданочување за сите стопански субјекти и тоа 0,5 проценти данок на доход за фирмите кои имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, 1% за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и 2% данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.

– Со оваа мерка ќе се опфатат подеднакво сите правни субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, СИЗ, Стопански комори и други здруженија на граѓани, со што навистина ќе имаме солидарност и секој ќе го даде својот придонес според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година. За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза товарот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите, велат од Макм-транс.

Намалената цена на погонското гориво, дополнуват, е единствената мерка која ја имаат превозниците, а за која не треба дополнително да се задолжуваат (камати) и да ги враќаат земените средства согласно мерките кои ги спроведува Владата.

Останатите мерки кои ги бараат се поврзани со намалување на трошоците, регистрација на возен парк, враќање на ДДВ, компензации со поврат на патна такса и новите обврски за регистрација на возилата, одложување без камата на надоместоци за автоодговорност и зелен картон минимум 6 месеци, враќање на дел од акцизата по принципот на ДДВ, со можност за реципрочно враќање на и од другите држави и воспоставување на реципроцитет за враќање на ДДВ од сите држави. Бараат и подобрување на законската материја која го регулира превозот со заштитни елементи на лиценцирани превозници, како и ревидирање на Уредбата за распределба на меѓународни дозволи (распределба на ЕКМТ дозволи), која со измените од 2018 година, тврдат, продуцира нефер и нетранспарентна распределба на сите меѓународни дозволи.

Фото: А1он

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.