Камион излета од скопската обиколница

Камион во понделникот излетал од патот на скопската обиколница, во близина на клучката Радишани, соопшти МВР.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.