Камион со 30 мигранти од Пакистан задржан во Франција

Француската полиција пресретнала камион на југот од земјата во кој биле превеазувани 30 мигранти од пакистнаско потекло, пренесува во саботата весникот Nice Matin.

Според дежурниот обвинител на Нива, меѓу илегалните мигранти кои биле откриени во петокот утрото, имало и тројца тинејџери на 15-годишна возраст. Во моментов, не е познато во какви услови биле транспортирани Пакистанците.

Сите пдиведени мигранти им биле набрзо предадени на италијанските власти. Возачот на камионот, исто така Пакистанец, бил предаден на пограничната полиција и е притворен и е осомниќен за „помагањње при нелегално влегување на територијата на Франција“, дело за коешто висината на казната што се влошува со бројот на мигрантите.

Случајот наликува на оној од 23-ти октомври кога во англиската грофоција Есекс беше откриен камион-ладилник со телата на 39 лица, за кои првично се сметаше дека се Киензи, но во моментов е потврдено дека некои од нив се Виетнамци. Во овој случај досега беа приведени пет лица кои се осомничени за вмешаност во убиството, меѓу кои и возачот на камионот, 25-годишниот Морси Робинсон од Северна Ирска. Подоцна тројца притвореници беа ослободени со кауција.