Камионот со експлозив во Могадишу го активирал терорист-самоубиец, 90 мртви од кои четворица Турци

Камионот полн со експлозив кој беше разнесен во саботата утрото во сомалиската престолнина Могадишу при што загинале најмалку 90 луѓе, бил активиран од терорист самоубиец, објавува сомалиската новинска агенција Garove Online, повикувајќи се на полицијата.

„Самоубиецот го насочил камионот кон полицискиот пункт“, рекол полицискиот офицер Ахмед Башир.

Полицијата претходно соопшти дека според првичните сознанија камионот полн со експлозив влетал во областа во којашто поради безбедносен пунк сообраќајот е густ и бавно се одвива.

Членот на федералниот парламент на Сомалија и поранешен министер за внатрешни работи, Мухамед Абдуразак на својата страница на Twitter објави дека бројот на загинатите надминува 90, од кои 17 се полицајци и 73 цилвили. Радиото Dalsan од свои извори ја потврдува оваа бројка, додавајќи дека меѓу загинатите има и четворица државјанина Турција.

Камионот бил кренат во воздух на контролен пункт во југозападниот дел од градот, еден од најголемите во Могадишу. Терористот го насочил возилото кон канцелари во која се собирале патарини и се подготвувала докумантација, каде што во текот на денот се прават редици од возила и луѓе.

Како што истакнал градоначалникот на Могадишу, Омар Филип, меѓу жртвите има многи студенти од универзитетот Бенадир. Тие се наоѓале во автобус кој се наоѓал во епицентарот на експлозијата. Во близина на контролниот пункт се наоѓале во тој моменти и група турски инженери кои изведуваа градежни работи во сомалискиот главен град.

Сомалискиот премиер, Хасан Али Каира, го откажа планираното патување во сојузната држава Галмудуг во рамките на предизборната кампања и остана во престолнината за да раководи со операциите на кризните агенции.

Досега ниедна терористичка група не ја презема одговорноста за експлозијата. Сепак, според британски BBC, во Могадишу сите прстот го вперуваат во исламистичката организација ал-Шабаба, како вклучена во нападот.

Радикалната исламистичка група ал-Шабаб првпат се огласи во Сомалија во 2004 година. Од 2008 година нејзините борци периодично вршат терористички напади со самоубијци и експлозивни средства. Во летото 2011 година ал-Шабаба беше протерана од Могадишу и оттогаш прибегнува кон герилска тактика во борбата против владата и нејзините сојузници. Во февруари 2012 година, групацијата објави дека се присоединува кон терористичката мрежа Ал Каеда. Според различни процени, бројот на борците на ал-Шабаб, односно младите муџахедини, се движи меѓу 3.000 до 10.000.

Во Сомалија е разместена мириовната мисија на Африканската унија, која има мандат да ја поддржува преодната влада во Могадишу, реализација на националниот план за безбедност и подготовка на сомалиските безбедносни сили. Контингентот го сочинуваат 20.600 војници, а главно го сочинуваат војници од соседните земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.