Кампања „Читањето е супермоќ” во Општина Ѓорче Петров

Денеска во Центарот за култура во Ѓорче Петров во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина” се одржа настан кој е дел од кампањата за развој на читачката култура и сочувување на македонскиот литературен јазик.

Ова е одличен поттик за релевантните чинители а имаше за цел промоција на книгата која треба да биде дел од сечие секојдневие.

Учество земаа директорите, педагошките служби, наставниците од шесте основни училишта, подржани и вклучени во интеракцијата, дел од општинската администрација како и градоначалникот Александар Стојкоски.

Во оваа насока, за 2023 планирано е донација по 100 книги, литературни средби со автори, вклучување експерти, релевантни лица, но и родители во процесите.

Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел развој и промоција на одредена дејност што носи добробит за генерациите.