Кампањата на Бајден не се согласува третата дебата да биде на крајот од октомври

Кампањата на претседателскиот кандидат на американската Демократска партија, поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, ја отфрли понудата на тимот на републиканскиот претседател Доналд Трамп третото телевизиско соочување да се одржи на 29-ти октомври.

„Трамп денеска одлучи да се повлече од дебатата на 15-ти октомври. Непредвидливото однесување не му дозволува на Трамп да го промени календарот и избере нови датуми“, изјави Кејт Бедингфилд, портпаролката на Бајден, откако Трамп одби да учествува на виртуелната дебата предвидена за 15-ти октомври.

Претходно во четвртокот Комисијата за организација на американските претседателски дебати (CPD) објави дека следната телевизиско соочување меѓу претседателските кандидати на 15-ти октомври ќе биде виртуелна поради заразата на републиканскиот претседател кој веќе објави дека не сака да учествува во тоа.

„Нема да губам време на виртуелни дебати. Мислам дека воопшто не сум заразен“, изјави Трамп за Fox Business Network.

Трамп предложи преостанатите две претседателски дебати да се одложат за по една седмица за да се одржат очи в очи, а не виртуелно.

Бедингфилд изјави дека Бајден се согласил дебатата идната седмица да се префрли за 22-ри октомври, но не и третата да биде одложена за 29-ти октомври.

„Доналд Трамп може да е појави или тоа може повторно да го одбие. Тоа е негова одлука“, додаде Бегингфилд.

Кампатањата на Трамп соопшти дека е расположена да ја одложи претстојната дебата за една седмица, но е упорна да се одржат предвидените три соочувања, и тоа последното на 29-ти октомври, неколку дена пред претседателските избори на 3-ти ноември.