Кампања полна со смешки и гафови: Јас сум Зоран Заев, некои ме викаат зајче

Синоќа владеачката партија во Велес одржа митинг како дел од кампањата за претседателските избори која е во тек, но гафовите и смешките на лидерите на овие партии никако да престанат.

Имено, Зоран Заев се појави на бината во Велес како поддршка за неговиот кандидат Стево Пендаровски, кој на Велешани им се претстави како Зоран од село Муртино.

Јас сум Зоран Заев од село Муртино, струмичко. Едноставен човек. Некои ме викаат „зајче“. Нема проблем. Викаат едно зајче рипка од таму до таму. На крајот ја пееја „зајченце миличко, зајченце сивичко, рече Заев.

Секако, после гафот на Давкова која жителите на Неготино ги нарече Кавадарчани и стана хит на социјалните мрежи, сега и Заев е мета на Твитерџиите.