Канје Вест поднесе барање за регистрација на претседателските избори во Њу Џерси

Американскиот рапер Канје Вест поднел барање за регистрација како независен кандидат на американските претседателски избори на 3-ти ноември годинава во Њу Џерси, според документите кои во вторникот се објавени на веб-страницата на изборната комисија во оваа сојузна држава.

Вест доставил потиси на 1.327 регистрирани избирачи во Њу Џерси, надминувајќи ги неопходните 800 потписи потребни за кандидатура на претседателските избори во САД. Музичарот како место на постојан престој ја навел својата адреса во државата Вајоминг, но не успеал да го формулира мотото на својата изборна кампања.

Раперот го стори тоа до крајниот рок за регистрација на независните кандидати во Њу Џерси. Според прописите, до 31-ви јули може да се поднесуваат приговори против кандидатурата на Вест. Ова прашање стана проблем при регистрацијата на кандидатурата на Вест во државата Илиноис. До тамошната изборна комисија беа поднесени неколку жалби, вклучително и проблематизирање на автентичноста на третината од 3.200-те потписи за поддршка на кандитурата на Вест.

Тој претходно се регистрираше како независен кандидат во Мусури и Оклахома. Многу аналитичари се сомневаат во особен политички успех на раперот, особено што тој доцна се вклучи во претседателската трка, а во многу сојузни држави истекоа роковите до кои независните кандидати можеа да ги соберат потребните потписи за кандидатурата.

Традиционално само кандидатите на двете водечки партии Републиканската и Демократската, имаат реални шанси да бидат избрани за претседатели на САД. Во истријата има многу малку случаи кога кандидати на трета партија или независни кандите успеале да добијат значителен број гласови. Досега последен на кого тоа му успеа беше бизнисменот Рос Перо, кој се кандидираше на изборите во 1992 година и освои 19 отсто. Сепак, Перо тогаш не победи во ниту една сојузна држава и поради тоа не доби електорски гласови, според кои се избираат претседателите на САД во двостепениот систем на гласање

Канје Вест минатата седмица на собирот со своите поддржувачи во Јужна Каролина, ја критикуваше Демократската партија за која рече дека никогаш не им помогнала на црните луѓе, иако најмногу се надева на нивните гласови. А токму од Демократската партија и медиумите блиски на неа, потекнуваат шпекулациите дека Вест како личност која го поддржува актуелниот републикански претседател Доналд Трамп, има цел со својата кандидатура да ги одземе гласовите на афроамериканците од контото на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Пред една седмица Вест му предложи на својот колега раперот Џеј Зи да биде негов кандидат за потпретседател на претседателските избори. Прехотдно Вест за потпретседателската позиција го предложи свештеникот од Вајоминг, Мишел Тибдал, но според музичарот изјави дека се договорил со него да зазема друга должност во неговата администрација. Покрај овие двајца, Вест за свои советници ги истакнуваше сопругата Ким Кардашјан со која во последно време има недоразбирања, како и претприемачот Илон Маск кому му предложил да биде шеф на „вселенската програм“.