Кан го поддржа испраќањето еколошки неприфатливи возила во Украина

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ја вети својата поддршка за испраќање на теренски и други возила во Украина кои инаку би биле укинати според таканаречените „Улезови стандарди“ за емисија на штетните гасови

Во очигледниот престврт на мислењето, Кан побара од министерот за транспорт Марк Харпер да им дозволи на лондончани и на другите граѓани ширум земјата да донираат соодветни возила на Украина преку проектот Зона со ултра ниска емисија (ULEZ).

Според ULEZ, кој стапи на сила во август, лондончани со возила што не ги исполнуваат стандардите за емисија на штетни гасови можат да бараат до 2.000 фунти откако таквите возила ќе бидат укинати.

Поранешниот министер за одбрана Бен Валас, исто така, му пиша на министерот Харпер, барајќи на возачите да им се дадат пари за да ги отстранат возилата што ја загадуваат животната средина, а во исто време да обезбедат витална поддршка за граѓаните на Украина.

„Разбираме дека постои посебен услов за возилата 4х4, како и возилата за итни случаи“, се вели во писмото.

Кан и Валас претходно изјавија дека дошле до идејата за ваквата донација, откако разговарале со градоначалникот на Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно му напиша на својот колега од Лондон да ја предложи идејата за донирање на возилото, објави неодамна британскиот весник The Telegraph.