Кан: Рибери под итно да ја заборави Златната топка

Легендарниот голман на Баерн (М) и репрезентативец на Германија, Оливер Кан е убеден дека францускиот интернационалец, Франк Рибери, ќе се врати во посакуваната форма во истиот момент кога ќе се соочи со суровата реалност дека не ја освои “Златната топка” на ФИФА и Франс Фудбал.

„Како да помина цел век од свечената церемонија околу “Златната топка”. Можам да го сватам Рибери, станува збор за многу сензитивен фудбалер, знам колку му беше тешко, ја заслужи таа награда, но истата заврши кај друг фудбалер. Рибери е најзаслужен за тројната круна, но во изминатиот период не игра на потребното ниво. Мора под итно да ја заборави “Златната топка”. Мора да свати дека станува збор за индивидуална награда. Не е важно што ќе направи Рибери, важно е каков успех ќе постигне Баерн (М). Треба да се фокусира на тоа што е пред него. Баерн (М) е на добар пат да го повтори успехот од изминатата сезона. За мене, тимскиот интерес е секогаш пред личините потреби. Рибери има потреба од внимание, има потреба од разговор. Рибери е тој фудбалер кој може да ја направи потребната разлика”, изјави Кан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.