Кан со црвен тепих и вечерни тоалети на симболичното издание на фестивалот

Црвениот тепих и вечерните тоалети со мноштво фотографи го одбележаа симболичното издание на најпрестиќниот филмски фестивал во светот кој започна во вторникот со амбицијата да даде даде ветер во грбот на филмската индустрија задушена во пандемијата на коронавирусот.

„Сакавме да дојдеме да го покажеме киното, филмовите, уметниците“, рече Тиери Фремо, генералниот секретар на фестивалот во Кан, на отворањето на годинешното издание коешто ќе трае до четврток.

Досега во својата историја Канскиот филмски фестивал имаше само двапати проблеми со одржувањата. Откажан е во времето на Втората светска војна, а во 1968 година беше прекинат поради стидентските немири во Франција, а церемонијата на доделувањето на наградите воопшто не се ни одржа.

Годинава поради пандемијата, фестивалот кој обично се случува во мај, исто така, беше откажан. Но есенва откако се одржаа „конкурентските“ фестивали во Венеција и Сан Себастијан, француските кинематографери се одлучија сепак да го одржат во ограничена форма собирот во Кан.

„Нашето присуство тука е орговорност“, рече Пјер Лескур, претедател на фестивалот и исткана дека е „преземини сите здраваствени мерки на претпазливост“. „ Ќе се одржи Кан 2021“ соопшти пред аудиториумот и ја пофали „многу живата француска кинематаграфија“.

Фестивалот заполна со прикажување на филмот „ Un triomphe“ (Победа), комична драма на Емануел Куркол со Кад Мерад, Марина (Х)Андс.

Ова „специјално издание“ на фестивалот, ќе заврши во четвртокот вечерта со доделување на Златната палма за најдобар краткометражен филм. Откако не можеше да се одржи во мај, Фестивалот во Кан го објави списокот со 56 долгометражи филмови кои беа во официјалната конкуренција за 2020 година.

Вкупно ќе бидат прикажани четири филма, од кои два стански „ Asa Ga Kuru“ (Вистински мајки) на Јапонката Наоми Кавасе и дебитантскиот филм на Грузијката Феа Кулумбегашвили „ Beginning“ (На почетокот), кој беше награден во Сан Себастијан.

Фестивалот ќе биде затворен во четврток со прикажување на филмот „ Les Deux Alfred“ (Двата Алфреда) на Бруно Подалидес, во присуство на режисерот и главната актерка Сандрин Киберлен.

Повеќе отколку само како фестивал, Кан отсекогаш бил многу важен како место за промоција на француските и странстките филмови.

Додека филмската индустрија е во мачна ситуација, а владата во Париз разгледува нови рестрикции за да го сопре вториот бран на епидемијата, многумина се надеваат дека овој настан ќе ги убеди продуцентите да не го одлужуваат прикажувањето на нивните филмови во кината.