Кан: Трамп е ‘заштитното лице’ на крајната десница ширум светот

Лондонскиот градоначалник Садик Кан ја продолжи во вторникот својата кавга преку медиумите со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека е важно за Обединетото Кралство да ги одржи добрите односи со САД, но дека се противи на државната посета на Трамп, кого „крајната десница ширум светот го доживува како своето заштитно лице“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во понеделникот допатува во тридневна државна посета на Велика Британија непосредно пред слетувањето во Лондон одговарајќи на критиките на Садик Кан поради поканата на владата, го нарече градоначалникот британската престолнина „бесчувствителен губитник“.

Садик Кан, кој е првиот градоначланик од пакистанско-муслиманско потекло на Лондон, во вторникот го критикуваше Трамп бидејќи „излегол од Парискиот климатски договор, ги намалил правата на ЛГБТ заедницата и репродуктивните права на жените“.

„Загрижен сим и бидејќи крајната десница ширум светот го гледа Трамп како свое заштитно лице. Екстремните ставови на крајната десница стануваат нормални, бидејќи Трамп им дава поддршка“, додаде Кан.

Запрашан за коментар за неговата јавна кавга со Трамп, Кан рече дека е изненаден бидејќи американскиот претседател „се однесува како единесеттогодишни, и прибегнува на детски навреди“.

Садик Кан, кој според сѐ судејќи направил ужасна работа како градоначалник на Лондон лекомислено е непријатен кон претседателот на САД, далеку најважниот сојузник на Обединетото Кралство. Тој е бесчувствителен губитник кој би требало да се насочи на криминалот во Лондон, а не на мене“, напиша Трамп на Twitter пред претседателскиот авион „Air Force One“ да слета на аеродромот „Стенстед“ близу Лондон.

Лабуристот Кан во неделата изјави дека е важно да се има добри односи со САД, но дека Велика Британија не би требало „да го одмотува црвениот тепих“ за Трамп. Притоа го според Трамп со фашистите од XX век.

Канцеларијата на лондонскиот градоначалник ги отфрли потоа „инфантилните навреди“ од Трамп, а самиот Садик Кан во понеделникот вечерта во видео порака рече: „Вашите вредности и сето она за што се залагате е сосема спротивно на лондонските вредности и вредностите на нашата земја“.