Канаѓанка испратила пакет со отров до Трамп

Полицијата ја идентификувала жената осомничена дека му испратила писмо на американскиот претседател што било затруено со отровен рицин. Ковертот, што веројатно од Канада е испратен на адреса на Белата куќа, го пресретнала американската полиција, јави Њујорк тајмс.

Писмото се чувало во посебниот владин центар за надворешни пратки, спречувајќи го да стигне до Белата куќа.

„Федералното биро за истраги и нашите соработници од американската разузнавачка служба и Службата за поштенска контрола го анализираат сомнителното писмо, кое пристигна во центарот за пратки на американската влада“, се вели во соопштението на ФБИ, како што објави Њујорк тајмс. Во овој момент нема индиции дека јавната безбедност е загрозена.

Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи затвор и канцеларија на шерифот. Заедничка работна група за борба против тероризмот работи на случајот во Вашингтон со помош на њујоршката полиција и Кралската канадска коњаница (РЦМП).

Истражителите рекле дека не е воспоставена никаква врска помеѓу писмото со отров и меѓународните терористички организации, без откривање докази. Официјални лица, сепак, велат дека истрагата е во рана фаза и засега не исклучуваат каква било можноста.

Рицинот природно се наоѓа во рицинусовото зрно, но со посебен процес се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа по изложувањето на многу мала количина. Не постои познат противотров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.