10.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Канада ја продолжи забраната на влез на странци до 30 септември

Канада ќе ја продолжи забраната за влез за странски патници до 30 септември за да спречи ширење на коронавирусот, а изземање ќе има за некои Американци, објави владата во Отава.

„Канадските граѓани и жителите кои се враќаат во Канада ќе треба да се вратат во двонеделна изолација“, објави министерот за јавно здравје Бил Блер на Твитер.

Од март, патниците кои пристигнуваат во Канада, без разлика дали се државјани на таа земја или не, мора да поминат задолжителен карантин од 14 дена.

Од почетокот на јуни, странските државјани можат да се приклучат на семејство што живее во Канада, ако станува збор за сопруг, деца, родители.

Границата помеѓу Канада и Соединетите држави останува затворена до 21 септември според билатералниот договор со Вашингтон. Дозволена е трговија со стоки и патувања што се сметаат за неопходни.

Најдолгата копнена граница во светот е затворена од март и оттогаш одлуката се обновува секој месец.

Вчера биле вкупно забележани повеќе од 127 000 инфекции со коронавирус и скоро 9,140 смртни случаи во Канада.