Канада ги укина термините „татко“ и „мајка“ во официјалните формулари

Канадските власти одлучија термините „татко“ и „мајка“ да бидат заменети со „родители“ во официјалните формулари, а има намера и да ги исфрли од службената кореспонденција и термините „господин“ или „госпоѓа“, освен доколку тоа лицето самото не го побара.

„Канадската влада одлучи да стави неутрален род во сите свои обрасци“, изјави Матјер Филион, портпарол на министерството за семејство. Оваа одлука е донесена бидејќи досегашните формулари „не се прилагодени на денешните прилики“, објасни портпаролот.

Случајот започна во јануари годинава кога хомосексуална двојна во Нова Шкотска сакал да извади извод од социјалното осигурувања за нивното дете за што требале да одредат кој е мајката а кој таткото, појасни Филион и додаде дека отсега ќе се бараат само имињата на родителите.

Кога станува збор за писмената кореспонденција, канадската влада нема повеќе да ги започнува дописите со „Господин“ или „Госпоѓа“. „Повеќе нема од, писмата едноставно се испраќаат на името на личноста“, рече Филион.

Во телефонските разговори, пак, службениците во државните институции ќе мора да го започнат разговорот со прашањето како лицето сака да му се обраќаат, појасни натаму портпаролот на канадското министерство за семејство.

Овие мерки се дел од политиките на либералната влада на премиерот Џастин Трудо, чијшто еден од приоритетите е борбата за еднаквост меѓу половите и на меѓународно ниво.