Канада го потврди загинувањето на свој државјанин во Украина

Канадската влада потврди во неделата дека еден канадски државјанин загинал неодамна во борбите во Украина, а локалните медиумите наведуваат дека загинатиот Канаѓанец загинал заедно со двајца американски државјани во источната украинска проруска област Донбас, пренесува агенцијата Reuters.

„Министерството за надворешни работи се свесно за загинувањето на канадски државјанин во Украина, стапи во контакт со семејството и пружа конзуларна помош“, го цитира агенцијата портпаролот на канадската дипломатија кој одбил да даде други поединости.

Според информацијата што во саботата ја објави Politico, претходно седмицава на боиштето во Донбас загинале двајца Американци, и по ден канадски и шведски државјанин, кои се бореле на страната на силите на Киев како „доброволци“. Во написот на ресурсот беше цитиран „командантот на странските борци“ во Украина, Руслан Мирошниченко кој ги идентификувал загинатите американски државјани како Лук Лучишин и Брајан Јанг, Емил Антоа Рој-Соруа од Канада и Едвард Селандер Патрињани од Шведска.

Смртта на двајцата американски државјани беше потврдена од американскиот Стејт департмент во саботата. И во писмените изјави на Стејт департментот и на канадското министерство за надворешни работи не се дадени поединости, ниту информации за тоа колку нивни државјани загинале на украинското боиште или за околностите во кои ги загубиле животите.

Руското министерство за одбрана изминатата седмица извести дека нејзините единици кои дејствуваат во Украина во тој период елиминирале неколку стотици странски платеници на повеќе локации по должината на фронтот.

Западните земји не објавуваат податоци за бројот на нивни државјани кои се одѕвале на повикот на Киев да се приклучат на ткн Легија на странците кои ја формираше украинската армија веднаш по почетокот на руската инвазија. Покрај тоа, откако ќе се појават информации за заробени западни државјани од страна на руската војска на украинското боиште се наведува дека станува збор за лица кои наводно долги години живееле во Украина и земал украинско државјанство, а најчесто станува збор за лица кои биле припадници на вооружените сили на западните земји или со искуство од боишта ширум светот.

Последнииот пат руското министерство за одбрана на 12-ти јули ги објави своите податоци за убиени странски борци во борбените операции со единиците на проруските сепаратистички региони Доњецк и Луганс. Според тие податоци во последната седмица од јуни и првите две од јули во Украина биле убиени речиси 400 странски платеници а во истиот период уште 240 од нив се вратиле во своите земји.

Беше наведено дека во посочениот период во офанзивните дејствија на руските вооружени сили и единиците на народната милиција на народните републики Доњецк и Луганск, бројот на платеници во Украина бил намален од 3.221 на 2.741, како и во тој период и покрај пристигнувањето на уште 151 платеник, уништени биле се 391 странски борец.

Руската војска, исто така, ги нарече „лажни“ изјавите од Киев дека наводно 20.000 странски борци дошле да се борат на страната на украинската војска во ткн „Легија на странците“ чие формирање го објави украинскиот претседател Владимир Зеленски уште на почетокот на руската инвазија. Според истиот извор, нивната бројка е неспоредливо помала и „постојано се намалува“. Руското министерство за одбрана притоа прецизираше дека најголемиот дел од убиените странски платеници во споменатиот тринеделен период се Полјаци, односно 166 луѓе.

Според смртноста од последната седмица на јуни досега со 50 мртви следуваат борци од Грузија, за кои постојат информации дека се всушност професионални припадници на грузиските вооружени сили кои се ангажираат во Украина според договор меѓу двете земји. Руските сили ликвидирале и 23 платеници Велика Британија каде што ги нарекуваат „доброволци/ волонтери“, 21 платеник од Романија и 15 од Канада во изминатите три седмици, беше наведено во соопштението.

Според Москва, од почетокот на војната во Украина во февруари во војната земале учество околу 7.107, од 63 држави во светот, од кои загинале 2.347, си заминале 2.109 а останеле на боиштето 2.741 платеник. Притоа, руското министерство за одбрана прецизира дека ги следи странските платеници уште од нивното пристигнување во соседните земји на Украина и при нивнот префрлување на боиштетот, и како пример го наведува случајот со пет британски и американски платеници кои ги идентификува со имињата и презимињата, а кои на 6-ти јули пристигнале во полскиот пограничен град Зампрсце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.