Канада: Најмалку пет жртви и 30 исчезнати од пожар во дом за стари лица

Пожар избувнал во дом за стари лица во канадскиот град Квебек, по што се стравува дека има има најмалку пет жртви, а 30-ти се водат како исчезнати.

Операцијата за спасување и потрагата се отежнати бидејќи водата која што се користела за гасење на пожарот во меѓувреме замрзнала.

Пожарот во зградата која што има 52 соби избил околу три часот наутро по локално време.

Локален полициски претставник изјави дека спасувачите се надеваат дека ќе се пронајдат исчезнатите лица од зградата.