Канада по 27-ми пат светски првак во хокеј на мраз

Хокеарската селекција на Канада во неделата со 3:2 по продолженијата ја совлада селекцијата на Финска во големото финале на турнирот на елитната класа кој се играше во Рига.

Финците кои до финалното соочување дојдоа со тактичка игра што им овозможи и триумфи над некои фаворизирани селекции, двапати беа во водство со погодоците на Мајаел Руохома во 8 и Пети Линдбом во 46 минута, но Канаѓаните двапати се враќаа во игра со головите на Макс Конту во 25, Адам Енрике (Хенрик) во 53 минута, а потиа во 67 минута преку Ник Пол ги казнија пропуштените шанси на противникот во третата третина.

Канада слабо стартуваше на шампионатот, претрпувајќи порази во првите три натпревара во фазата по групи, па и од потпросечните за оваа класа селекции како Летонија и Германија, но сепак успеа да избегне да биде првпат во историјата елиминирана пред четврфиналето. Во четвртфиналето со пресврт ја совлада силната Русија со 2:1, во полуфиналето најголемиот ривал САД со 4:2.

Финците групната фаза ја завршија со шест победи од седум натпревари, вклучителни и победата над Канаѓаните со 3:2 по изведувањето на казнените удари. Во четвртфиналето финската селекција со 1:0 беше подобра од чешката, а во полуфиналето со 2:1 од германската.

Ова беше 52-от натпревар меѓу Канада и Финска на Светските првенства, во кои Канаѓаните добиле 37 со 13 порази и две средби завршиле без победник. Ова беше второто финале по ред на овие селекции, откако на претходното во 2019 година славеше Финска со 3:1. Од таа екипа во Канада денеска настапија само Адам Енрике и Трој Стечер, а за Финска Оливер Каски, Линдбом, Мика Којвисто, Ате Охтама, Марко Антила, Нико Оијамајки и Јетре Салинен. Минатата година Светското првенство беше одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Ова Канада беше 27-та титула, со што се израмни со Русија, која покрај петте титули има на контото и 22 триумфа на некогашниот Советски сојуз. Финска има три титули светски првпат, и девет сребрени медали.