Канада потврди два случаи на новиот сој на коронавирусот

Здравствените власти на Онтарио потврдија во саботата два случаи на зараза со новиот сој на коронавирусот кој првично се појави во Велика Британија кон средината на декември.

Идентификуваните случаи на коронаинфекцијата од југот на Онтарио не може да се поврзат со патувања или изложеност на ризичен контакт.

„Тоа дополнително ја зајакнува потребата жителите на Онтарио да останат во своите домови што е можно повеќе и да продлжат да се придржуваат на здравствените препораки, вклучително и затворањето на територијата на целата покраина“, изјави Барбара Јафе, помошничка на главниот здравствен стручњак во Онтарио.

Канада минатата седмица ја продолжи забраната за патнички летови од Велика Британија до 6-ти јануари и ги зајакна контролите и проверката на патниците од Јужноафриканската Република поради опасноста од новиот и позаразен сој на коронавирусот.

Во Онтариот во саботата се потврдени вкупно 4.301 случај на коронаинфекции во изминатите два дена. Оваа канадска покраина дневно бележи повеќе од 2.000 случаи на инфекцијата веќе 12 дена со ред. Канада досега има потврдено 541.616 случаи на заразата и речиси 15.000 смртни исходи поврзани со коронавирусот.

Научниците тврда дека нема докази оти вакцините против covid-19 кои се во употреба, вклучтелно и вакцината на „Pfizer/BioNTech“, нема да заштити од новиот сој на коронавирусот. Канада започна кампања на имунизација со вакцината на „Pfizer/BioNTech“, а од четвртокот започна и со дустрибуција на вакцината на „Moderna“.