Канада сигнализирала враќање на турбините за Северен тек 1

Германските власти во петокот потврдија дека добиле позитивен сигнал од Канада за враќање на турбините кои се потребни за одржување на руско-германскиот гасовод Северен тек 1, а Русија најави дека по враќањето ќе ги зголеми испораките на гас во Европа во сезоната на полнење на складиштата пред почетокот на есента и зимата.

Рускиот гасен гигант „Газпром“ во јуни остро ги намали испораките на гас преку гасоводот Северен тек 1 за 60 отсто, бидејќи доцнењето на неопходната опрема за нормални целосно функционирање којашто германски „Siemens“ ја испратил на ремонт во своите погони во Канада.

Меѓутоа, владата во Отава го блокираше враќањето на гасната турбина, повикувајќи се дека „Газпром“ го ставила под своите санкции поради војната во Украина. Берлин од тогаш преговара со Канада за разрешување на овој проблем, кој почна да нанесува големи загуби на германското стопанство.

Во четвртокот неименувани упатени извори за агенцијата Reuters изјавиле дека во Отава веќе е донесена одлуката за надминување на проблемот. Турбината ќе биде испратена во Германија којашто ќе му ја испорача на „Газпром“, па така Канада нема да ги прекрши санкциите, појаснил во петокот за Reuters извор во владата во Берлин.

Канадската филијала „Siemens“, односно „Siemens Energy“ чиишто погони се крај канадски Монтреал, не сакала да ја коментира оваа информација.

Од Москва, пак, во петокот соопштија дека ќе ги зголемат испораките на гасот во Европа, доколку Канада ја врати турбината. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли притоа тврдењата дека Русија ги користи нафтата и гасот како алатки за политички притисоци. Истакна дека затворањето на гасоводот на 11-ти јули е поради одржувањето, е редовна практика и дека ремонтот не бил „проста измислица“.

Намалените испораки од Русија уште повеќе ги погодија и онака високите цени на гасот во Европа, предизвикаа паника кај тамошните влади кои стравуваат дека нема да ги пополнат доволно складиштата пред претстојната зима и сезоната на греење. Некои европски земји поради тоа најавија кризни мерки, повикувајќи ги компаниите и граѓаните на максимално штедење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.