Канадската полиција ги најде телата на двајцата тинејџери убијци

Канадската полиција ги пронашла во средата телата на двајца тинејџери осомничени за три убиства, пренесуваат агенциите.

Деветнаесетгодипшниот Кам Меклод и 18-годишниот Бир Шмегелски беа во бегство од крајот на јули која три тела беа откриени во Британска Колумбија. По двете момчиња од Пот Аберни во оваа канадска држава беше покрената обемна полициска потера.

Тие биле забележани 3.300 километри источно, во близина на Голам, во државата Манитоба, каде што полицијата го насочила своето трагање. Таму во средата се и најдени телата над кои треба да се спроведе обдукција за да се потврди дали се на лицата по кои се трага, соопштиле од полицијата без да наведуваат поединости.

Меклод и Шмегелски се осомничени за убиството на 64 годишниот Леонард Дик, професор по ботаника на универзитетот во Ванкувер, како и на двајца туристи, 24-годишната Американка Шин Дизи од Шарлот во Северна Каролина, и 23-годишниот Австралиец Лукас Фоулер од Сиднеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.