12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Канадски хеликоптер на НАТО се урна во Медитеранот

Канадски воен хеликоптер распореден на канадски воен брод исчезна по воена вежба на НАТО во близина на грчкото крајбрежје, а како што соопшти канадската армија, тој се урнал во водите меѓу Грција и Италија.

Грчката телевизија ERT соопшти дека остатоците од хеликоптерот и едно тело се лоцирани синоќа, додека уште пет лица се водат како исчезнати.

Претходно два канадски воени извора потврдија дека загубиле конталт со хеликоптерот првично распореден на фрегатата „HMCS Fredericton“, која е дел од морнаричката група 2 на НАТО позната под ознаката SNMG2.

„Контактот е загубен со хеликоптерот додека учествуваше во сојузничката вежба крај грчкиот брег“, се наведува во соопштението на Канадските вооружени сили.

Грчките медиуми претходно известија дека хеликоптерот исчезнал над Јонското Море, меѓу Грција и Италија, во меѓународните води, околу 80 километри од грчкиот остров Кефалонија.

Фрегатата „HMCS Fredericton“ ја напуштила воената база во Халифакс со новиот хеликоптер од типот „Cyclone“ во јануари, и било планирано шест месеци да биде распореден на Медитеранот и во Црното Море.

Канадскиот хеликоптер „ Cyclone“, кој првпат е распореден во 2018 година, вообиачено превезува четири членови на екипажот, но понекогаш и воен персонал, и главно се користи за трагање по подморници, надзор, трагање и спасување од воздух. За воените потребни, „ Cyclone“ е пренаменета верзија на товарниот хеликптер „Sikorsky S-92“.

Во минатото веќе беа забележани инциденти со хеликоптерите од типот „ Cyclone“ кои во канадската војска ги заменија хеликоптерите од типот „Sea King“. Во февраури 2019 година имаше ткн „тврдо“ слетување на „„ Cyclone“ од воениот брод HMCS Regina“ на логистичкиот брод „Asterix“ близу Хаваи.