Канадски падобранец го загуби животот ноќта кон вторникот на воена вежба под американска команда во Бугарија, а друг Канаѓанец и двајца Американци се повредени, пренесуваат во вторникот бугарските медиуми.
Портпаролката на бугарската војска, Виолина Валева, изјавила дека настраданите се странски државјани, но не навела од кои земји се. Војниците скокале со падобран во текот на ноќта од мала височина, од 400 метри, додала.
Несреќата се случила над аеордомот Чешнигирово, во близина на Пловдив, „додека силите за брза интервенција изведувале падобрански скокови во рамките на вежбата Брз одговор“ во која учестуваат повеќе земји членки на НАТО, соопшто бугарското министерство за одбрана.
Според информациите на инфромативната мрежна страница Traffic.news, на канадоскиот војни не му се отворил падобранот, а другите тројца се повредени бидејќи скокнале пребрзо еден по друг. Нивните животи не се загрозени, додава електронското издание на весникот Дневник.
„Брз одговор“ е вежба под американска команда којашто од 11-ти до 24-ти јуни се одржува во Бугарија, Хрватска и Романија со учество на 5.600 војници, меѓу кои се 1.495 падобранци. Во маневрите учествуваат покрај САД и Канада, и Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија, а Бугарија како домаќин е членка на НАТО од 2004 година.
Задачата на оваа вежба е „да се подобри воздушната операбилност меѓу членките на НАТО“. Вежбата „Swift Response 2019“ ја демонстрира стратешката употреба на водушните мобилни единици со висок степен на подготвеност, наречени Global Response Force.