Канческа-Милевска: Продолжуваме со силно темпо во исполнување на сите проекти

Кризата во Република Македонија која траеше подолго време и беше наметната од СДСМ и нанесе огромна штета на граѓаните и државата конечно заврши, истакна денес Елизабета Канческа Милевска по средбата со граѓаните од скопско Тафталиџе.

 

kanceska-milevska

-На 11 декември убедена сум дека сите граѓани на Република Македонија ќе гласаат за стабилна и просперитетна Р.Македонија, ќе гласаат за иднината на нашата држава и политиките и програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Како партија, како и досега и во наредниот период продолжуваме со интензивна комуникација со граѓаните. Фокусот ќе бидат граѓаните, нивните потреби, барања, проекти. ВМРО-ДПМНЕ ќе има обемна програма со огромен број на проекти како никогаш досега, проекти во сите области, истакна Канческа-Милевска.

Таа додаде дека партијата продолжува со едно силно темпо во исполнување на сите проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.