Кандида- габична инфекција која во голема мера влијае врз здравјето на човекот!

Candida albicans е квасна габа – тоа се микроорганизми кои вообичаено живеат во, или на нашето тело. Таа е дел од нормалната цревна миклофлора, која кога е присутна во мали количини не предизвикува никакви проблеми и не го загрозува нашето здравје.

Но, кога ќе почне неконтролирано и неприродно да се размножува, преминува преку пропустливиот ѕид на тенкото црево од каде низ крвотокот нејзините отрови се пренесуваат до другите органи.

Кога отпорноста на нашиот имунитет е поголема, добрите бактерии во цревата го чуваат организмот и спречуваат да се размножи кандидата. Меѓутоа со пореметување на цревната флора, поготово после употреба на антибиотици, доаѓа до размножување на кандидата т.е до габична инфекција.

За да се постигне подобар имунитет, потребнa e разновидна исхрана богата со витамини и минерали.

Инфекцијата која ја предизвикува се нарекува кандидијаза. Инфекцијата може да се јави на кожа, во устата, на ноктите, во гениталиите и во гастроинтестиналниот тракт. Ако навлезе во крвта, тогаш станува збор за системска кандидијаза. Тоа е сериозна болест која ги напаѓа срцето, плуќата, очите, мозокот и зглобовите.

Кои се причинители?

Освен намален имунитет и антибиотици, тука е и едноличната исхрана која знае да ја предизвика оваа болест, потоа употребата на хормонална терапија, дијабетесот, нехигиената, како и претераната хигиена на гениталните предели.

Симптоми

Замор, омалаксаност, поспаност, нерасположеност, намалена концентрација, намален либидо, зголемена желба за слатко, за алкохол, несоница, а може да се јави и депресија.

Доколку се појави во цревата може да предизвика потешкотии во варењето на храната, мачнина, диареа, подуеност и болки во стомакот, слуз во столицата, подригнување итн.

Кога вашиот доктор ќе ви потврди дека имате кандида, покрај медикаментите потребна ви е избалансирана исхрана, која ќе помогне во лекувањето на габичната инфекција. Неопходно е да се вклучат намирници кои го спречуваат размножувањето на кандидата.

Доколку ви е потребна помош во врска со исхраната за кандидата можете да се обратите на мојата електронска пошта.

Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес

e-mail: nutri-diet2018@outlook.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.