Кандидати има многу, но само „Вориорси“ можат да бидат шампиони

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс истакнува дека е бесмислено неговиот тим да се смета за  кандидат за освојување на шампионската титула во следната сезона.

Ние сме млад тим и како таков мораме да напредуваме секој ден. Неопходно е да се биде подобар и подобар, рече Леброн.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња нема дилема која има најголеми шанси за титулата.

Постојат многу кандидати за титулата, „Хјустон“ е многу добар, потоа „Оклахома“, „Бостон“, „Филаделфија“, „Торонто“ … Но шампион може да биде само еден- „Голден Стејт Вориорс“, јасен е 33-годишниот Џејмс.

„Вориорси“ беа шампиони во претходните две сезони, а сега уште повеќе го зајакнаа тимот откако им се приклучи еден од најдобрите центри во лигата, ДеМаркус Казинс.

Леброн Џејмс освои три НБА прстени, два со „Мајми Хит“ и еден со „Кливленд Кавалирс“, но ова е првпат кошаркарот да се натпреварува во Западната дивизија, која со години е значително посилна од источната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.