Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола е бизнис партнер на Вице, а во Куманово братучед на Оливер Спасовски

СДСМ е киднапирана партија, во Битола кандидат за градоначалник е бизнис партнер на Вице, а во Куманово братучед на Оливер Спасовски, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кандидати на СДСМ за градоначалници покрај старите и истрошени кадри се и лица бизнис партнери на Заеви и братучеди на раководството на СДСМ. Секој кој ќе им се спротивстави го исклучуваат од партија, и тонат се подлабоко. Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола е лице кое на сите анкети имало најслаб рејтинг, тоа што е избран говори дека во СДСМ кој повеќе даде тој добива повеќе. Ако Струмица е на Вицевци, тогаш Битола е на Кондовски Стентонот, а од Битола СДСМ сака да прави Стентонград, потенцираат од партијата.

Оттаму додаваат дека не по рејтинг, туку по крвно сродство е избран кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски, кој е братучед на Оливер Спасовски.

-За да биде поставен Илиевски, СДСМ го ишиканира нивниот долгогодишен член и активист Максим Димитриевски, кој за неколку различни ставови е исфрлен од СДСМ. Толку од демократскиот капацитет на Заев. Толку од дебатата е здрава. Ова е грдото и авторитарно лице на Заев, и во сопствената партија ги шиканира сите кои не мислат како него. Ваквите чекори на Заев се само слика дека тој тоне. СДСМ заглавува во бизнис роднинските врски, и нема место за нормални граѓани. СДСМ губи. Време е за промени, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.