Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба, Георгиевски, фалсификувал документ за албански криминалец (ФОТО)

1654

Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Гази Баба, Борче Георгиевски, фалсификувал службен документ за лице кое поминува низ полициската евиденција за трговија со дрога, обелоденија медиумите. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ e Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство. Инаку, Георгиевски кривичното дело фалсификување го извршил во 1998 година.

До редакција на „Инфо плус“ биле доставени и документи од страна на свиркачи од полицијата, кои потврдуваат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ, за Гази Баба, Борче Георгиевски, во 1998 година фалсификувал патна исправа за познат криминалец, Љ. Ахмет, лице кое е гонето за трговија со дрога.

Според документите кои ги добила редакцијата на порталот, јасно се гледа дека за конкретното дело била поднесена кривична пријава, која во тој момент била во фаза на обвинение, се уште не е јасно дали имало и судска разрешница или сепак Георгиевски успеал да и избега на правдата.

Граѓаните на Гази Баба од страна на СДСМ имаат кандидат за градоначалник кој фалсификувал јавни исправи за криминалци гонети за трговија со дрога, прочуени во подземјето. Граѓаните се повеќе се прашуваат дали ваков човек со линкови до подземјето може да биде градоначалник на општина во главниот град?

Се уште останува нејасно што добил како надоместот Георгиевски за овој фалсификат.

И од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека кандидатот на СДСМ за Гази Баба е лик со сомнителен морален кредибилитет за кој имало кривични за фалсификување на документи.

Од фалсификатор градоначалник не бива, истакна на денешната прес-конференција Ристо Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кандидатот за градоначалник од СДС за општина Гази Баба, Борче Георгиевски е лик со сомнителен морален кредибилитет за кој што имало кривични пријави за фалсификување на документи. Според она што го објавија медиумите Георгиевски фалсификувал службен документ за лице кое има кривична пријава за трговија со дрога, физички инциденти и насилство, вели Донев.

Донев вели дека кандидатот за градоначалник на СДСМ фалсификувал документи за лице кој е дилер на дрога и сега истото лице се нуди за опција во Гази Баба.

-Нормалното станува ненормално, ненормалното нормално. Човек кој фалсификувал документи сега треба да води општина. И неговите лаги не престануваат тука. Значи човеков кој фалсификувал за дилер на дрога сега дава ветувања, а нема реална програма. Ветува улици кои не постојат во Гази Баба, договарал и јавно се фали кратење на Парк шумата и зеленилото во Автокоманда, ветува проекти кои веќе се реализирани. СДС и Зоран Заев ги потценуваат граѓаните на општина Гази Баба со тоа што им нуди човек како Георгиевски. Овој лик не може да биде иднината на Гази Баба исто како и СДС која нема реализирано ниту еден проект во општина Гази Баба, нагласува Донев.

Инаку, Георгиевски беше чест посетител на протестите на т.н. Шарената револуција која демолираше државни објекти низ центарот на Скопје и нанесе штета од неколку стотици илјади евра, која беше покриена од парите на граѓаните. Познато е дека семејството на Георгиевски за краток период се распореди на функции. Борче Георгиевски е кандидат за градоначалник, неговиот брат, Бранко Георгиевски, е избран за советник во Град Скопје од СДСМ, а неговата сопруга и ветиле директорско место во едно од училиштата во Гази Баба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.