Кандидатот за градоначалник на Куманово Тони Михајковски е позитивен на коронавирус

Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски е позитивен на коронавирус.

Тој вели дека и покрај тоа што бил вакциниран и ги почитувал сите мерки за заштита, сепак дошло до оваа ситуација.

„Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово“, напиша Михајловски на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.