Канската ‘Златна палма’ за јужнокорејскиот филм ‘Паразити’

101

Златната палма за најдобар филм на 72-то издание на Филмскиот фестивал во Кан во саботата вечерта му е доделена на филмот на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо, црната комедија „Parasite“.

Деветочленото жири под претседателстување на мексиканскиот режисер Алехандро Конзалес Инауриту ги прогласи победниците по единаесетте фестивалски дена.

Бонг (Пон) Џун Хо стана првиот јужнокорејски режисер кој е овенчен со Златна палма во Кан. Филмот „Parasite“, кој се занимава со класните прашања во современа Кореја, беше меѓу 21 филм кои беа во конкуренција за Златната палма. Во 2017 година, филмот „Окча“ на истиот режисер со Тилда Свинтон во насловната услуга, беше избран за главната програма во Кан.

„Ви благодарам, ми претставува голема чест, отсекогаш бев инспириран од француската кинематографија, им се заблагодарувам на Анри-Жорж Клусо и на Клод Шаброл“, рече Бонг чиј филм говори за сиромашно корејско семејство, кое се обидува за сметка на другите да ја подобри својата финансиска состојба на кој и да е можен начин.

Втората најважна награда во Кан, Гран при, ја доби филмот „Atlantique“, на 37-годишната француска режисерка од сенегалско потекло Мати Диоп. Во центарот на филмот се младиот маж Сулејман кој работи на градилиште на облакодфер во Дакар и 17-годишното девојче Ада

Белгиските кинематографи, браќата Жан-Пјер и Лук Дарден ја освоија наградата за режија за филмот „Младиот Ахмед“, приказна за радикализиран адолесцент.

„Му благодарам на жирито за наградата за овој филм, кој сакавме да претставува ода на животот… Саквме да снимиме повик на живот, на различност, што исто така е мисија и вокација на кинематографијата“, рече Лук Дарден примајќи ја наградата заедно со братот, говорејќи за „мрачното тешко време во која расте популизмот“.

Наградата за најдобра машка и женска улога ги освоија Антоние Бандерас и Емили Бичем. Шпанецеот Бандерас ја доби наградата за најдобар актер за улогата во полуавтобиографскиот филм на Педро Алдомовар „ Dolor y gloria“ (Болка и слава), за режисер кој паѓа во депресија.

„Вечерва е мојата вечер на славата. Го почитува, му се восхитувам, го сакам, тој е мојот ментор, толку би даде, што оваа награда требаше да биде за него“, рече Бандерас одавајќи му почест на Алмодовар.

Емили Бичем ја доби наградата за најдобра женска улога за филмот на режисерката Џесија Хаусенр „Little Joe“, за жена обземена со научна работа. Филмот се занимава со генетичарката зависничка од работа Алис, која развива посеба сорта цвеќе коешто ќе има интензивен мирис. Мирисот на тоа цвеќе би го стимулирал хормонот на среќата.

Наградата на жирото ја добија и „Les Miserables“ (Клетници) на францискиот Лаџа Ли чие дејствие се одвива во париското предградие Монфермеј. Режисерот го фокусира своето внимание на проблемите во предградијата на Париз, особено на прашањата на полицската бруталност.

Жирото го награди филмот „Бакурау” на бразилските режисери Клебер Мендоза Фило и Хулиано Дорнел. Филнмот раскажува за животот во една мало бразилско село, коешто исчезнува од мапата по смрта на неговиот главатар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.