Канзас Џејхокс нови универзитски шампиони на САД

Универзитетот Канзас Џејхокс се новите универзитетски прваци во американската NCCA лига откако ноќта кон вторникот го финалето ја совладаа Северна Каролина 72:69.

Канзас на полувремето беше во заостанување со 25:40, но потоа направи пресврт на резултатот и на крахот славеше на „Сизар Супердом“ во Њи Орлеанс.

Ова за универзитетот Канзас е четвратата титула во лигата по 1952, 1988 и 2008 година. Северна Каролина досега освои шест титули по победите во 1957, 1982, 1993, 2005, 2009 и 2017 година.

Финалето од машкиот студентски завршен турнир по покровителство на Северноамериканската универзитетска спортска федерација (NCCA) го следеа дури 69,423 љубители на кошарката.

Канзас Џејхокс во полуфиналето ги совладаа Виланова Вајлдкетс со 81:65, а Таер Хилс од Северана Каролина ги елиминираа Дјук Блу Девилс 81:77.

Дејвид Меккормак беше најдобар поединец во победничката екипа со 15 коша, колку што впиша и Џејлен Вилсон кој додаде и десет скокови.

Играчот од Канзас, Очаи Агбаи, кој постигна синоќа 12 коша е прогласен најдобар играч на турнирот.