Капацитетот на штипската болница пред исполнување, ќе се поставува монтажна болница

По завршувањето на изборите бројот на ново заразени лица од коронавирус е во пораст. Пред два дена регистриравме и нов рекорд од почетокот на пандемијата, со 241, а Штип станува ново корона жариште.

Таму се наоѓа и регионалниот Ковид-19 центар во кој најмладата пациентка со коронавирус е 24 годишна девојка.

За изминатите 24 часа, се уште нема официјални информации од Министерството за здравство. За тоа каква е состојбата во Штип, во вестите на ТВ21 зборува Благој Бочварски.

Тој рече дека болницата во Штип е пред исполнување на капацитетот, и сега се прави план за монтажна болница.