Капело: Борбата за скудетото ќе биде неизвесна

34

Легендарниот 73-годишен италијански фудбалски стручњак Фабио Капело истакнува дека борбата за шампионската тилута во Серија А ќе биде неизвесна до самиот крај, меѓутоа не сака да прогнозира кој ќе го освои „скудетото“.

„Ќе биде голема борба до самиот крај“, истакна Капело во разговорот за Sky Sport.

„Јувентус не е на своето ниво, има 10 бодови помалку во однос на овој период минатата сезона и тоа е причината зошто ривалите му се толку блиску. Имаа некои проблеми, а нивните противници се навистина добри“, вели Капло.

Торинската „Стара дама“ во моментов е во водство на првенствената табела со 57 бодови, воропласираниот Лацио има бод помалку, а третиот Интер има 54 бодови.

„Интер им е блиску, но Лацио е вистинско изненадување оваа сезона. Многумина не веруваа дека може да играат волку добро. Играчите на Интер, пак, понекогаш играат фантастично, а понекогаш губат на свој терен, што го рече и Конте“, заклучи легендарниот италијански тренер.

Капело во текот на кариерата освои пет тутули италијански шампионо, четири на клупата на Милан и една со Рома. Освои и две титули со Јувентус, но тие беа одземени поради аферата „Калчополи“ со местење резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.