Капело фасциниран од формата на Рикардо Кака

„Милан имаше очаен старт во новата сезона, но од тоа што го видов во неделата, можев да заклучам дека сега се на вистинската патека, видов дека има голема желба кај фудбалерите. Со помошта на Кака, кој е пример за професионалност, Милан повторно ќе се врати на победничката патека. Кака моментално го носи Милан на своите рамења, а има големо влијание и во соблекувалната, која повторно има победнички менталитет”, изјави Капело.

Трофејниот италијански стручњак ја одобри последната одлука на сопственикот на Милан, Силвио Берлускони, кој не ја прифати оставката на вечниот потпретседател, Адријано Галијани.
„Мислам дека Берлускони ја пронајде вистинската солуција. Убаво е што ја подели потпретседателската функција на Галијани и на Барбара. Двајцата ќе му помогнат на Милан уште повеќе да израсне, да напредува на сите можни полиња”, изјави Капело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.