Капело сакал да го донесе Меси во Јувентус

Легендарниот Фабио Капело истакна дека додека бил на клупата на Јувентус го забележал Лионел Меси кој пак го фасцинирал со своите настапи.

Тоа го натерало искусниот стратег да размислува за да го донесе во своите редови, но тоа никогаш не се случило.

Капело пред вчерашната средба меѓу Барселона и Интер призна дека сакал да го донесе Лео Меси во Торино.

– Меси прв пат го гледав кога имаше 16 години. Кога излезе на терен, публиката беше во транс. Заминав кај Рајкард и го прашав дали би можел да го донесам Лео на позајмица во Јувентус. Барселона тогаш имаше проблеми со три играчи кои не беа од Европската унија, па помислив дека можам да ја искористам ситуацијата. Сепак, ми кажа дека тие ќе сторат се за да го решат тој проблем кога се работи за Меси, – се сети искусниот Капело.