Капетанот на потонатиот ферибот се соочува со смртна казна

Државниот обвинител во Јужна Кореја бара смртна казна за капетанот на фериботот што потона во април годинава, при што загинаа и исчезнаа повеќе од 300 луѓе.

За тројца други членови на екипажот е побарана доживотна казна затвор.

Фериботот со кој управувал капетанот Ли Јонг-сеог (68) потона на 16 април годинава во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја. Досега се пронајдени 187 тела на загинати патници, а над 115 сè уште се водат како исчезнати.

За време на несреќата на фериботот имало вкупно 476 лица, во најголем дел деца од средно училиште.